Родителите довеле шимпанзо да живее со нивното дете и ги третирале како брат и сестра поради морничав експеримент: Се згрозиле кога ги виделе резултатите

Точка

28/09/2025

12:41

2.724

Големина на фонт

а а а

Експериментот со шимпанзо и дете ги изненадил научниците. Наместо шимпанзото да почне да се однесува како човек, работите тргнале во сосема погрешна насока.

Научниците Луела и Винтроп Најлс Келог верувале дека можат да го искористат сопственото дете во морничав експеримент со шимпанзо. Малиот Доналд Келог имал само десет месеци кога стана еден од учесниците во ова застрашувачко и осудено истражување.

Бебето се задушувало во солзи додека било подложувано на ужасни тестови од страна на своите родители – Луела и Винтроп Најлс Келог.


Што сакале да постигнат истражувачите и шокантните резултати

Парот научници сметал дека, ако го одгледуваат шимпанзото заедно со сопственото дете, животното ќе стане „почовечно“. Намерата, сепак, завршила со катастрофални последици.

На 26 јуни 1931 година, Келогови во својот дом ја донеле женката шимпанзо по име Гуа. Шокантниот експеримент морал да биде прекинат девет месеци подоцна, кога Доналд всушност почнал „да станува повеќе мајмун отколку човек“, пренесува американскиот „Mirror“.

Родителите биле сведоци како нивниот син почнал да гризе, да ползи и да звучи како шимпанзо. Доналд спиел во кревет сличен на тој на Гуа, а „братот и сестрата“ биле ословувани на ист начин за експериментот да поттикне кај шимпанзото однесување што ќе личи на човечко.

Во еден од експериментите било пукано од пиштол за да се види кој ќе реагира побрзо – Доналд или Гуа. И детето и шимпанзото биле удирани по главата со лажици за да се утврди разликата во звукот на нивните черепи.

Тестовите траеле постојано, а иако биле прекинати, го навеле Винтроп да ја објави книгата „The Ape and the Child: A Study of Environmental Influence Upon Early Behavior“ („Мајмунот и детето: Студија за влијанието на средината врз раниот развој на однесувањето“).


Наглиот крај на експериментот

Парот Келог бил задоволен од напредокот на Гуа, особено физичкиот, но забележале дека тешко успева да го следи Доналд интелектуално кога тој почнал да формира зборови. Во „Psychological Review“, во анализата на завршетокот на експериментот, стои:

„Ни беше кажано дека студијата е прекината на 28 март 1932 година, кога Гуа е вратена во колонијата примати во Оринџ Парк низ постепен процес на рехабилитација. Но, во однос на причините, Келог, кои инаку се многу прецизни во другите детали, го оставаат читателот во недоумица.“


Се шпекулирало за ненадејниот крај на експериментот:

- Распоредот кој парот Келог го одржувал девет месеци бил премногу исцрпувачки, па можеби се откажале од замор.

- Можеби сакале да го искористат преостанатото време на отсуство од Индијана за подготовка на ракописот за книгата.

- Гуа созревала, добивала на сила и, според Келог, станувала сè понепредвидлива и потешка за контрола.

Можно е родителите да се исплашиле дека Гуа ненамерно би можела да му наштети на Доналд.

Наводно, мајката Луела станала вознемирена бидејќи нејзиниот син почнал да личи повеќе на шимпанзо отколку на човек, што довело до крајот на експериментот – што, според „Mirror“, бил главниот мотив за прекинот.


Што се случило со семејството и шимпанзото?

Винтроп починал во истото лето кога и неговата сопруга, во 1972 година, а трагично, нивниот син починал само една година подоцна, на 43-годишна возраст, наводно со извршено самоубиство.

Што се однесува до Гуа, по експериментот била вратена во колонијата, но за жал починала од пневмонија на само тригодишна возраст, една година подоцна.