Според новиот голем извештај, Исланд е прогласена за најдобра држава за луѓето кои сакаат да започнат живот на ново место во 2025 година.
Оваа нордиска земја го зазеде првото место со вкупен резултат од 58,4 од можни 100 поени.
Освен што е познат по природните чуда како гејзери и поларната светлина, Исланд се истакнува и со високиот животен стандард, безбедност и среќа на своите граѓани.
Неодамнешната ранг-листа дополнително го потврдува нејзиниот статус: прогласена е за најбезбедна земја на светот и трета на листата најсреќни земји.
Главниот град Рејкјавик, иако со дури 140.000 жители, има космополитанска атмосфера. Градот нуди богата културна и гастрономска сцена, фестивали и урбан начин на живот, а истовремено ја задржува топлината на заедницата и компактноста која овозможува речиси сѐ да се обиколи пешки.
Економските показатели дополнително привлекуваат нови жители. Просечната плата на Исланд изнесува околу 4.500е вра, а стабилната економија и високата здравствена заштита ја прават една од најпосакуваните земји за живот и работа во Европа.
На листата десет најпривлечни држави за имиграција доминираат европските земји како: Швајцарија, Луксембург, Норвешка, Ирска, Данска и Холандија.
САД го зазела седмото место, додека пак Велика Британија се нашла на 19 позиција.
Во одредени категории особено се истакнале други земји: Јужна Кореја по квалитетот на здравствената заштита, Австралија веднаш зад неа, а Шри Ланка по образованието благодарение на исклучително ниските трошоци за грижа на деца.
Луксембург е оценет за најдобра земја според јавниот превоз, додека пак Обединетите Арапски Емирати се прогласени за најбезбедна земја.
Каде е најлошо?
Во посебно истражување за среќа на граѓаните, нордиските земји и натаму доминираат: Финска осма година по ред е прогласена за најсреќна нација, Данска е на второто место, на третото Исланд, а Шведска е четврта.
Спротивно од тоа, САД е на 24 место, додека пак Велика Британија на 23 место, и двете под Израел којшто без оглед на воените околности е на осмото место.
На дното на листата е Авганиста, а меѓу петте најмалку среќни земји се наоѓаат и Сиера Леоне, Либан, Малави и Зимбабве.