[ВИДЕО] Полјак го совлада Монт Еверест без дополнителен кислород

Точка

27/09/2025

18:27

404

Големина на фонт

а а а

Полскиот планинар Анджеј Баргиел стана првиот човек во историјата кој се искачил и спуштил со скии од Монт Еверест без употреба на боци со кислород, пишува „Guardian“.

Ова беше негов трет обид да го освои највисокиот врв на светот, висок 8.849 метри, откако опасните услови го принудија да се откаже во 2019 и 2022 година.

Баргиел (37) изјави дека спуштањето со скии без кислород за него било долгогодишен сон.

„Самото искачување на врвот беше тешко и исцрпувачко. Никогаш во животот не сум поминал толку многу време на таква височина, така што тоа само по себе беше огромен предизвик,“ рече тој, пренесува агенцијата „Srna“.

Според официјалните податоци, повеќе од 6.000 луѓе се искачиле на Еверест, но само околу 200 тоа го направиле без дополнителен кислород во боци.


Неколкумина се спуштале со скии, но никогаш досега не бил изведен континуиран спуст без кислород, потсетува весникот.

На Баргиел му беа потребни речиси 16 часа за да помине низ „зоната на смртта“, која се наоѓа над 8.000 метри, каде што нивото на кислород е опасно ниско.

На самиот врв воздухот е толку разреден што алпинистите добиваат само околу една третина од кислородот достапен на нивото на морето, што може да предизвика оштетување на мозокот, течност во белите дробови, па дури и смрт.