Повеќето кучиња обожуваат рутина, па дури и најпаметните кученца може да ги збуни нешто толку едноставно како што е нова врата во домот.
Токму тоа им се случило на Сејџ и Никон, внимателни германски кратковлакнести птичари, кога се сретнале со новата врата.
Иако на снимката објавена на Инстаграм може да се види како нивните опашки мавтаат, а ушите љубопитно им се кренати, Сејџ и Никон едноставно не можат да се натераат да поминат низ вратата, пишува „Dogtime“.
Сопствениците во описот на видеото ја објасниле ситуацијата: „Нашата стара врата беше стаклена, па оваа не би требало да е многу различна“. Но, како што гледачите можат да видат, за Сејџ и Никон вратата била сосема нова загатка.
Видеото брзо стана вирално и собра над 28 илјади лајкови, а гледачите од срце се смееле на збунетото трио. Снимката започнува со Сејџ, Никон и Ајви кои стојат вкочането на прагот, убедени дека не можат да поминат. Нивната сопственичка ги повикува, но тие едвај се поместуваат.
Во еден момент може да се види како кучката Брајар поминува низ вратата, што ѝ дава храброст на Ајви да дојде до сопственичката, додека Сејџ и Никон остануваат на место.
На крајот, на сцената се придружува и Џејд, која исто така е убедена дека вратата е непремостлива пречка. Во нивното однесување се гледа познатата комбинација на интелигенција, љубопитност и претпазливост на германските кратковлакнести птичари – подготвени се да истражуваат, но сè проверуваат двапати.