Сопственик на кафуле во Германија го забрани омилениот пијалок на генерацијата Z: Предизвика бурни реакции

Точка

23/09/2025

09:05

3.196

Големина на фонт

а а а

Светло зелениот мача лате пијалок ја освои генерација Z, но и социјалните мрежи, но изгледа дека не сите се воодушевени од лудилото по мачата. Еден сопственик на кафе-бар во Германија одлучил да стави крај на овој тренд, а неговиот потег стана вирален со повеќе од 880 илјади лајкови на социјалните мрежи.

Дритан Алсела, бариста кој поседува три кафе-барови и води своја школа за баристи, инаку е познат по својата импресивна лате уметност, но овојпат во центарот на вниманието се најде неговата одбивност кон мачата.

Објавувајќи "војна" на зелениот прав, Дритан најпрво започнал "анти-мача кампања" на Инстаграм, објавувајќи слогани како „Љубители на кафе од сите нации, обединете се против мачата“ и „Почитувајте ги зрната. Љубители на кафе од сите нации, обединете се!“


Забрана која го подели интернетот

Својот протест потоа го пренесе и надвор од виртуелниот свет, поставувајќи пред еден од своите локали натпис кој јасно порачува: „Мача пијалаци не се дозволени. Ова е кафе-бар. Почитувајте ги зрната.“

Овој бескомпромисен став веднаш ги подели следбениците. Додека љубителите на кафе му дадоа поддршка, обожавателите на мачата застанаа во одбрана на нивниот омилен пијалок.

„Конечно некој го кажа тоа“, коментирала една личност. „Некои луѓе пијат мача поради здравје... Јас пијам кафе за да преживеам меѓу луѓето што пијат мача“, се пошегувал друг.

Сепак, не сите биле толку благонаклони – нарекувајќи го сноб. „Кафе-снобовите никогаш нема да се ослободат од тие обвинувања, нели?“, напишал еден критичар. „Мачата е за забавни луѓе, кафето е за трауматизирани души“, додал друг.

Еден фан на мачата возвратил: „Кафето е мрачно и одвратно. Мачата владее! Само се плашите од далеку супериорниот пијалок!“

Интересно, некои љубители на мачата признале дека ја ценат искреноста.

„Ви благодарам за ова известување, бидејќи како љубител на мача, мразам постојано да ја барам. Ми заштедува време – не ни влегувам“, порачал еден.

„Како љубител на мача, всушност ми се допаѓа ова, бидејќи мразам кога однапред не знам дали некое место воопшто нуди матча“, се согласил друг.

Што е мача?

Мача е фина, светлозелена прашеста материја добиена од посебно одгледувани листови од зелен чај, кои се мелат во камен млин. За разлика од обичниот зелен чај, кај мачата се консумира целиот лист, што значи дека содржи повеќе антиоксиданси, витамини и кофеин.


Традиционално се користи во јапонската чајна церемонија, но денес е популарен низ целиот свет како пијалок и состојка во десерти, смутија и сладоледи. Мачата има препознатлив, благо горчлив и „зелен“ вкус со ноти на благослатко умами, а често се меша со млеко за подготовка на мача лате пијалаци.

Генерација Z е луда по мачата

Генерација Z ја обожава мачата и токму таа е заслужна за нејзината глобална популарност. За нив, мачата не е само пијалок, туку и животен стил – тие бараат поздрава алтернатива на кафето, сакаат стабилна енергија без нагли падови и ја ценат нејзината богата содржина на антиоксиданси.


Покрај сето тоа, мача латето изгледа одлично на фотографии и ТикТок видеа, па стана вистински визуелен тренд. Генерација Z со задоволство експериментира со вкусови и варијации – од ладна матча до верзии со овесно или кокосово млеко – а социјалните мрежи се преполни со видеа и рецепти што дополнително го шират овој „хајп“.