Атрактивната фудбалерка на Борнмут , кога не е на терен, „гори“ на социјалните мрежи.
Англискиот фудбал ја има својата верзија на Алиша Леман – само што оваа е пет години помлада (двете родени на 21 јануари), а многумина тврдат дека е и поубава, иако за вкусот не се дискутира. Единствено што не може да ја надмине швајцарската ѕвезда е во бројот на следбеници.
Келси-Роуз Бауерс е ѕвезда на женскиот тим на Борнмут. Во клубот пристигна пролетта 2024 година, предизвикувајќи вистинска еуфорија за тогаш 20-годишна фудбалерка.
За потсетување: објавата на „X“ за нејзиното пристигнување беше прегледана 22 милиони пати! Имајќи предвид дека клубот во тој момент имал околу 2.800 следбеници, јасно е каков ефект имала убавицата на фудбалската јавност во Англија.
Воедно, нејзината популарност експлодираше – од 23.000 следбеници на „Instagram“, денес брои 172.000.
Девојката на Маркос Сенеси е во врска со него нешто повеќе од една година. Играла за младинските репрезентации на Англија, а сега е само верен навивач.















