Српскиот соиграч на Модриќ од Милан: Често го прашувам дали е нормален

Дерби

12/11/2025

13:10

1.849

Големина на фонт

а а а

Лука Модриќ поставува нови стандарди за играч кој игра на средината на теренот и од кого се бара да трча многу километри во текот на еден натпревар, бидејќи Хрватот игра неверојатно добро и на високо ниво во петтата деценија од животот.

Модриќ неодамна наполни 40 години и се уште игра фудбал во полна пареа, но уште поимпресивно е каков пример остава за новите соиграчи во Милан со својата професионалност, но и огромното залагање на теренот.

Лука е еден од играчите кои претрчуваат најмногу километри во таборот на Милан, а неговата физичка подготовка ги остава фрапирани и неговите колеги.

– Би сакал да објаснам што прави Модриќ, но навистина е тешко да се направи тоа. Често го прашувам дали е нормален и дали се е во ред со него. Му ја барам тајната за да ми каже како го прави тоа. Тој е неверојатен и како човек, а за играчките квалитети не треба да се трошат зборови.

– Најневеројатна е неговата физичка подготовка за играч на 40 години, навистина не знам како би го опишал. Имаме седум дена тренинзи од натпревар до натпревар бидејќи не играме во Европа, па тренерот често знае да ни уфрли тренинзи во теретана. За повозрасните играчи теретаната едноставно не постои, но Модриќ е поинаков. Тој прави се и тоа го прави на импресивен начин, тој е како робот, – потенцира српскиот стопер, Страхиња Павловиќ.