Во наредниов период нема да се тркала топката во Премиер лигата, па додека се вратат возбудувањата сигурно ќе имаме коментари, анализи за тоа што досега се случи во изминативе 11. кола, но и ќе се даваат одредени прогнози за тоа што може да се очекува.
Со оглед на тоа што ПЛ е најквалитетната и најдинамичната лига на светот, секое коло, секое дерби, секој натпревар се прати со големо внимание, а така ќе биде до крајот на натпреварувачката 2025/2026.
Последната рунда пред паузата го одбележа убедливиот триумф на Манчестер Сити во дербито со Ливерпул (3-0), но и киксот на Арсенал кој по подолго време прими голови и загуби два бода во соочувањето со повратникот во елитното друштво Сандерленд.
По овие случувања одново беше активиран суперкомпјутерот кој даде прогноза за тоа како ќе изгледа завршната табела.
Арсенал ќе издржи и по подолго време ќе го врати трофејот во своите витрини со 82 бода, поточно ќе има седум повеќе од второпласираниот Сити и осум од Ливерпул. Првата четворка ќе ја заокружи Челси со 67 поени по што ќе следуваат Манчестер Јунајтед, Кристал Палас…








