Анчелоти го предупредува Чаби: Во Реал научив едно нешто

Дерби

13/11/2025

10:58

159

Големина на фонт

а а а

Карло Анчелоти ја заврши својата етапа во Реал Мадрид како најуспешен тренер во историјата на „кралскиот клуб“, учинок до кој стигна благодарение на својата втора авантура во шпанската престолнина.

Легендарниот Дон Карло издоминира во втората епизода како предводник на „кралскиот клуб“ и во период од четири години освои 11 титули, па затоа впечаток остана крајно позитивен и покрај тоа што последната ја заврши без ниту еден освоен трофеј.

Наследник на Анчелоти од месец јуни е Чаби Алонсо и младиот шпански стручњак засега го предводи тимот како првопласиран во Ла Лига, но двата последни натпревари пред репрезентативната пауза беа доволна причина да ги заработи и првите критики.

Како човек кој често знаеше да се најде на удар, Анчелоти вели дека не може да му даде некој посебен совет на Чаби на оваа тема, но сепак го предупредува својот наследник за трендот кој владее во Реал.

– Не можам да му дадам никаков совет на таа тема. Јас ги гледам сите натпревари на Реал најмногу поради бразилските фудбалери и сметам дека тимот изгледа навистина добро. Победи речиси на сите натпревари, но сепак, во фудбалот не може да победувате секогаш.

– Понекогаш мора да одиграте и нерешено, но јас научив една работа во Реал Мадрид. Реми во Реал е предвесник на криза, така се гледа на нерешен резултат во Мадрид. Нема шеги околу ова што го велам, мора да се навикне на такви работи. На сите тренери на крајот им се суди за резултатите, а засега резултатите се спектакуларни. Лидери се во Ла Лига и меѓу првите осум во Лигата на шампиони, не можеме да бараме повеќе од Чаби, – вели Карло во интервјуто за „АС“.