Гарабаја: Кога функционираме како тим, можеме секого да победиме

Дерби

13/11/2025

10:46

92

Големина на фонт

а а а

Составот на Еурофарм Пелистер го совлада Пик Сегед со 25:24 во средбата од 7. коло во групата Б во Лигата на шампионите.

Македонскиот првак го спушти противникот на само осум постигнати гола во првото полувреме, во вториот дел фаворитот заигра подобро, го сврти резултатот, но „зелено-белите“ покажаа карактер, истрајност, упорност и водени од навивачите се изборија за голем триумф во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

- Го започнавме натпреварот со неверојатна одбрана, мислам дека ПИК Сегед го сфати тоа и почна да игра „седум на шест“. Имавме неверојатен голман во првиот дел, но со таа игра „седум на шест“ противникот дојде до лесни шутеви и ни направи проблем. Во вториот дел се боревме и ние и тие, плус еден за нас, плус еден за нив, но на крајот победивме како тим.

- Секој играч си ја сфати својата улога и сите разбраа дека се важни во овој меч. Кога сите работи функционираат и ние сме како тим, може да го победиме секого. Мора да бидеме перфектни, да ни биде јасно дека со план како во првиот дел, кога сите сме внатре, тимот „работи“. ПИК Сегед можеби имаше проблеми со повреди пред овој меч, ама ова беше многу важна победа за нас“, - порача тренерот Рубен Гарабаја.

И во наредното коло Пелистер ќе се соочи со овој противник, ама на негов терен во Унгарија.