Вејн Руни беше дел од тимот на МАнчестер Јунајтед кој сееше страв и трепет во ПРемиер лигата, но последната декада донесе една голема промена во англиската елита, односно реалност со која тешко се помируваат некогашните легенди на клубот од „Олд Трафорд“.
Јунатед западна во голема криза по заминувањето на Сер Алекс Фергусон и оттогаш ниту еднаш не беше во борбата за трофејот во англиската елита, а според Вејн Руни, причина за тоа е погрешната политика која се водела во клубот, особено во првите години по пензионирањето на Шкотланѓанецот.
– Регрутирањето во Манчестер Јунајтед до ова лето беше ужасно. Јунајтед немаше стратегија, само носеше големи имиња. Ибрахимовиќ, Лукаку, Погба……
– Тоа беа сите добри играчи, но тие се носеа само поради нивните имиња, а не поради некаква стратегија или слично. Се трошеа огромни парични средства, а клубот се уште плаќа цена за таквите потези. Ќе биде потребно уште некое време за да се санираат сите штети од таквите потези.
– Изминатово лето видовме прогрес во тој поглед, беа доведени фудбалери кои не важат за големи имиња и ѕвезди. Новиот менаџер заврши подобра работа и дефинитивно гледам исчекори во правилна насока. Бев критички настроен и кон Аморим, но сега гледаме дека тимот и играчите изгледаат сè подобро. Има позитивни знаци, знаци кои ветуваат подобри денови и само така треба да продолжи. Јунајтед не може да се бори за титулата, но може да се надева на влез во топ четири, – смета Руни.





