Раја за најдоброто засилување за Арсенал: Брзо се прилагоди, можете да видите што прави за тимот

Дерби

13/11/2025

10:56

115

Големина на фонт

а а а

Давид Раја со својата сигурност, стабилност на голот е еден од најважните фактори за Арсенал и во оваа сезона во која клубот од северен Лондон игра одлично во сите натпреварувања.

„Топчиите“ имаат претрпено само еден пораз во Премиер лигата, англсикиот Лига Куп и Лигата на шампионите што доволно говори за тоа што досега го одиграа во натпреварувачката 2025/2026.

Арсенал го надгради тимот во летниот преоден рок, потроши повеќе од 250 милиони фунти за засилувања, дел од нив перфектно се вклопија и веќе играат значајна улога во првата постава, други помагаат, се обидуваат да се наметнат, а според Раја ако мора да издвои едно име кое најмногу го импресионирало тоа е Мартин Зубименди кој пристигна од Реал Сосиедад.

- Мислам дека Мартин Зубименди. Тој е играч кој е многу, многу паметен и се прилагоди многу добро на лигата каде што има многу играчи на кои им треба малку подолго време за да се адаптираат, особено во неговата улога. Тој се адаптираше толку брзо и можете да видите што прави за тимот, - смета Раја кој сепак не се залетува по одличниот страт на кампањата иако не ги крие амбициите на екипата.

- Секако, ние сме Арсенал и сакаме да ја освоиме Премиер лигата. Сакаме да освоиме сè, затоа играме за Арсенал. Но, премногу е далеку, имаме само десет, 11 натпревари во сезоната и премногу е далеку за да размислуваме однапред. Мора да размислуваме натпревар по натпревар, ден по ден, и ќе видиме каде ќе бидеме во мај, - заврши Шпанецот.