Ливерпул влезе во оваа сезона како актуелен англиски шампион и веројатно како прв фаворит за пехарот во Премиер лигата особено по активностите и потрошените пари за засилувања во летниот преоден рок.
Меѓутоа по одличниот страт и „пет од пет“, екипата влезе во криза и во наредните шест средби во шампионатот освои само три бода и тоа против Астон Вила на „Енфилд Роуд“. Кога резултатите се вакви секогаш се бараат одговори, се бараат виновници, се вперува прстот кон тренерот или во случајот кон играчите, па ако досега можеби најмногу се говореше/говори за засилувањето Флоријан Вирц кој не ги оправда очекувањата сега тој добива „конкуренција“ и се повеќе се зборува за Мохамед Салах.
Мо веќе подолго време е во Ливерпул, лани имаше страшна сезона со која на крајот и обезбеди и продолжување на соработката, но во оваа година се мачи и има учинок од 4 гола и 2 асистенции на 11 средби.
- Ако не постигнувате голови на едниот крај, а го оставате вашиот тим изложен на другиот, во основа не добивате ништо од овој тактички трик да му дозволите на Мо Салах само да остане на врвот, - вели Џејми Карагер за Салах.
- Значи, или тој мора да се врати [во одбрана] или мора да играте со некој друг. Затоа реков пред неколку недели дека деновите кога Мо Салах почнуваше секоја недела, особено надвор од дома, мора да престанат, - дополни Карагер кој верува дека африканецот не треба да има загарантирано место во почетната единаесетка.







