Крос: Тој не е мој наследник во Реал

Дерби

13/11/2025

10:44

127

Големина на фонт

а а а

Тони Крос мина десет години во дресот на Реал Мадрид, период кој беше успеше како за него така и за клубот со што се стекна на статус на легенда на шпанскиот великан.

Тој во 2024 година ја заврши приказната со „кралевите“ и воопшто со активното играње фудбал, а Реал интересно сè уште нема донесено соодветна, директна замена за него.

Во текот на оваа сезона се повеќе дел од медиумите, новинарите го издвојуваат Арда Гулер како негов наследник, меѓутоа со тоа не се согласува Германецот кој воедно даде и образложение.

- Среќен сум што оваа година добива значително повеќе минути, бидејќи ја заслужи фудбалски и е човек на кого можете да му верувате за во иднина. Тој е различен тип играч за мене. Неговата подобра позиција е очигледно поофанзивна од мојата, па затоа воопшто не е мој наследник. Но, обично сум среќен бидејќи е добар човек. Сè уште можев да играм со него. Има навистина фин допир, кој оваа сезона веќе успеа многу ефикасно да го искористи за Реал Мадрид.

- Затоа се надевам дека ќе продолжи постојано да добива минути, бидејќи тоа е единствениот начин на кој може да се подобри. И сигурен сум дека може да одбележи ера во Реал Мадрид во годините што доаѓаат, - порача Крос.