Доби отказ затоа што има 228 килограми

Точка

12/11/2025

12:13

746

Големина на фонт

а а а

Тимот „Tampa Bay Buccaneers“ од „NFL“ целата сезона се соочува со бројни повреди, па резервните играчи често мораат да влегуваат во игра кога стартерите не можат да настапат. Но, кога и тие играчи не се достапни, клубот понекогаш мора да направи простор на ростерот — што значи и отпуштање на некои од играчите од т.н. „practice squad“.

Има 228 килограми

Токму тоа му се случи на Дезмонд Вотсон (22), кој од почетокот на подготовките во 2025 година неколкупати бил ставен, па потоа отстранет од списокот. Според извештајот на новинарот Грег Ауман од „FOX Sports“, Вотсон во вторник повторно бил отпуштен од „practice squad“ затоа што, според последните информации, тежи 228 килограми. Неговиот престој во „Buccaneers“ беше доста променлив.


Тој потпиша како недрафтиран слободен играч по завршувањето на „NFL Combine“, откако претходно настапуваше за тимот „Florida Gators“. Со 203 килограми, Вотсон тогаш стана најтешкиот играч во историјата на „NFL“. Меѓутоа, проблемот со одржувањето на телесната тежина го следи уште од студентските денови. За време на подготовките бил ставен на т.н. „Non-Football Injury List“ , сè додека не ја достигне целната тежина што му ја поставил тимот.

Бидејќи не успеал да го постигне тој резултат, бил отпуштен пред воопшто да учествува на тренинзите во претсезоната.


Тврди дека ослабел

Се врати на 23 септември како дополнителна опција на одбранбената линија, по повредата на играчот Калиџа Канси, кој го повреди градниот мускул и ја заврши. сезоната. Сепак, Вотсон никогаш не заигра и не беше активиран, бидејќи Илајџа Симонс — исто така потпишан од „practice squad“ — го зазеде неговото место во ротацијата на позицијата „nose tackle“.


Вотсон изјави пред новинарите дека ослабел, но не сакаше да открие колку килограми изгубил — само дека е задоволен од напредокот што го постигнал. Сепак, сега повторно доби отказ, што значи дека по вторпат останува без место во тимот.

Сè уште постои можност Вотсон да се врати во „Tampa Bay Buccaneers“ доколку се ослободи место на „practice squad“, но засега нема да тренира со тимот, кој се подготвува за 11. коло и натпреварот против „Buffalo Bills“ во недела.