Серхио Бускетс пред извесно време откри дека ги брои последните месеци како професионален фудбалер, а сега неговиот чекор реши да го следи уште една шпанска легенда, односно негов соиграч во Интер Мајами.
Жорди Алба денеска се јави со емотивно обраќање и соопшти дека ќе замине во пензија по крајот на сезоната во МЛС лигата, што значи дека американскиот клуб ќе остане без два клучни столба на кои досега се потпираше во изминатиот период.
Легендарниот лев бек испиша историја во Барселона пред да се пресели во Америка, а запазена мора да остане и неговата авантура во Валенсија, односно во шпанската фудбалска репрезентација.
– Дојде време да ставам крај на една клучна етапа во мојот живот. Донесов одлука да ставам крај на мојата играчка кариера на крајот на оваа сезона.
– Оваа одлука ја носам максимално убеден во тоа дека истата е исправна, ја носам среќен и задоволен од тоа што го остварив. Го изодев овој пат со голема страст и сега е време да ја завторам оваа етапа и да отворам нова која е исто така возбудлива, – изјави Алба.
Жорди освои голем број титули во кариерата, а најважни се 6-те трофеи во Ла Лига со Барселона, големото славје во Лигата на шампиони, како и Европското првенство кое го освои со Шпанија.