Дарио Ивановски по вторпат во својата кариера оствари победа на Скопскиот маратон, а изминатава недела тешката битка со Кениецот Џулиос Кипкоч ја доби во завршните 500 метри.
Иако заостануваше во потерата за првото место, најдобриот македонски атлетичар забрза во вистински момент и направи пресврт во последните 500 метри, па денеска е објавено и видео од моментот кога Дарио го минува својот најголем ривал за златниот медал.
Благодарение на извонредното темпо кое го наметна во последните километри, Ивановски успеа лесно да го мине веќе изморениот Кипкоч, а најдобар доказ за тоа е видеото кое беше објавено на социјалните мрежи на Скопскиот маратон.
– Интересен момент, голема радост! Во ова видео, кое ни го испрати нашата навивачка Анџела, е уловен моментот кога Дарио Ивановски успева да го претекне Кениецот Џулијан Кипкоч.
– Гордост и еуфорија за сите Македонци на Виз Ер Скопски маратон 2025! Голема благодарност до сите што ги поддржуваа тркачите долж целата патека, вашата енергија навистина прави разлика!