[ВИДЕО] ЛеБрон ја реши мистеријата околу „одлуката над одлуките“ и си поигра со цела светска јавност

Дерби

07/10/2025

18:54

324

Големина на фонт

а а а

ЛеБрон Џејмс крена голема прашина во Америка со својата најава за „одлуката над одлуките“ која ја соопшти во текот на денешниот ден, па токму поради тоа, сите светски медиуми со големо исчекувања го чекаа неговото обраќање во 18:00 часот по средноевропско време.

Со најавата дека следи „втората најважна одлука“, ЛеБрон потсети на фамозниот телевизиски специјал од 2010-та година кога го соопшти своето заминување од Кливленд во Мајами, па многумина помислија дека „кралот Џејмс“ денеска ќе има емотивно обраќање со кое ќе најави крај на кариерата.

На крајот испадна дека ЛеБрон добри со поигра со цела светска јавност, се со едноставна цел да направи добра и извонредна промоција на својата соработка со „Хенеси“.

Испадна дека „одлуката над одлуките“ се однесува на негова соработка и рекламен материјам со светски познатиот коњак „Хенеси“, па така голем дел од фановите и медиумите се почувствуваа изиграно од маркетиншкиот потег на ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс.

Во текот на денешниот ден, голем дел од американските медиуми подготвија и проштални видеа очекувајќи најава за пензија од ЛеБрон, но во овој момент, повеќе од очигледно е дека Џејмс се уште нема донесено одлука на таа тема.