Американските и светските медиуми ја пренесоа драматичната сцена што се одигра за време на голф-турнирот „Sanderson Farms Championship“ во Џексон, во американската сојузна држава Мисисипи.
Моментот, снимен за време на последниот ден од натпреварувањето, стана вирален и ги остави луѓето во неверување – многумина коментираа дека „не паметат вакво нешто во историјата на голфот“.
Голферот во прв план
Голферот Винс Вејли се најде во непријатна ситуација – неговата топка заврши во вода. Немаше друг избор, па влезе во плиткиот дел и се подготви за удар.
Целото време, камерата ги следеше случувањата во близина на 11-тата дупка, но потоа гледачите сфатија дека и некој друг го набљудува Вејли – некој многу опасен!
Во непосредна близина на голферот стоел алигатор. Мирно го следел секој негов потег, а никој не знаел што планира.
Play it as it lies 🐊
— PGA TOUR (@PGATOUR) October 5, 2025
Vince Whaley played this shot from the lake ... just a few feet away from a gator @Sanderson_Champ! pic.twitter.com/iK3NaSEdiZ
Алигаторот во втор план
„Срцето ми чука забрзано само додека ја гледам сцената“, изјави шокираниот коментатор Џонсон Вагнер, додека камерите ги следеа настаните на теренот, пренесува „UPI.com“.
Како заврши оваа несекојдневна ситуација – и дали Вејли успеа да ја задржи концентрацијата под таков притисок – дознајте во видеото.