[ВИДЕО] Ѓоковиќ преживеа агонија во Шангај и урна уште еден рекорд на Федерер

Дерби

07/10/2025

18:45

397

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ мораше да преживее агонија во осминафиналето на Мастерсот во Шангај, од една страна поради тешките услови за игра, но пред се поради фактот што го повреди зглобот во четвртиот гејм од мечот.

Хауме Мунар даде нависитна силен отпор и уште еднаш демонстрираше дека може да биде исклучително незгоден противник, а Ѓоковиќ дури и легна на земја откако Шпанецот го освои вториот сет и израмни на 1:1.

Ѓоковиќ влечеше повреда од четвртиот гејм и во неколку наврати побара масажи, па иако се бореше со високата влажност и со своето тело, по којзнае кој пат во кариерата успеа да пронајде пат до победа.

Иако изгледаше прилично без енергија на крајот на вториот сет, Ноле некако успеа да се рестартира и направи брејк на стартот на третиот, а тоа беше и клучен удар во тешката пресметка со шпанскиоте тенисер.

Ѓоковиќ во продолжение направи и уште еден брејк, па со конечни 6:3, 5:7 и 6:2 се пласираше во четвртфиналето каде ривал ќе му биде Зизу Бергс.

Со оваа победа, Ѓоковиќ урна уште еден рекорд на Рожер Федерер, бидејќи стана највозрасен тенисер кој се пласирал во едно четвртфинале на Мастерс турнир од серијата 1000 со 38 години и 4 месеци.

Досега Федерер го држеше овој рекорд со 38 години и 2 месеци, а интересно тоа му успеа исто така во Шангај во 2019-та година.