Новак Ѓоковиќ е голем џентлмен и во победите и во поразите, но денеска мораше да донесе одлука која сметаше дека е најдобра за него, особено после тешката и исрпувачка битка која ја имаше во Шангај.
Ноле успеа да преживее агонија и да се пласира во четвртфиналето на Мастерсот во Кина, а бидејќи отпорот на Мунар го скрши многу потешко од очекувањата, Ѓоковиќ изгледаше исклучително исцрпено на крајот од мечот.
Србинот имаше физички проблеми и тешко се справуваше со огромната влажност во Шангај, па на крајот, реши да не го одработи протоколот кој е стандареден за турнирите од Мастерс серијата.
Ѓоковиќ одби да даде интервју по победата од 2:1 и тоа јасно му го повтори на одговорниот човек во неколку наврати, а истото му го апострофираше и на новинарот кој требаше да му направи интервју на теренот.
Педантините статистичари откриваат дека на Новак ова му се случува само вторпат во кариерата, но интересно, првото одбивање се случи исто така оваа година, и тоа на грен слемот во Австралија поради недолични коментари од новинарот кој требаше да му направи интервју.
Видеото погледнете го ТУКА.