Хојлунд: Ова ми беше потребно, Конте е…

Дерби

07/10/2025

07:38

483

Големина на фонт

а а а

Расмус Хојлунд имаше одлична седмица за Наполи, два натпревари на кои постигна три гола против Спортинг Лисабон и Џенова.

На двата дуели од Лигата на шампионите и Серија А, актуелниот италијанскиот првак триумфираше со 2-1 што носи плус задоволство кај Хојлунд кој почнува да се пронаоѓа во Неапол по тешката епизода која ја имаше во редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед.

-Конте е врвен тренер. Дојдов тука затоа што знаев дека ова е важен чекор за мене. Наполи е одличен клуб и прекрасно место за живеење. Тоа е токму она што ми треба во моментов во мојата кариера, -порача Данецот кој по преселбата на југот во Италија има учинок од четири погодоци на шест натпревари во сите конкуренции.

Наредниот натпревар за тимот на Елмас е против Торино на 18 октомври.