Родриго имал сериозни проблеми: Никој не знаеше низ што проаѓав

Дерби

07/10/2025

21:16

275

Големина на фонт

а а а

Родриго западна во криза и не одигра на голем број натпревари на крајот на минатата сезона, а сега кога ја гледа цела ситуација од поинаква перспектива и со ладна глава, Бразилецот открива дека имал непријатни лични проблеми.

Иако не сакаше да открива детали и ја сочува приватноста, Родриго во интеврјуто за „АС“ посебно му се заблагодари на Карло Анчелоти, човек кој најмногу му помогнал покрај неговото потесно семејство.

– Минатата сезона минав низ неколку лични потешкотии, имав лични проблеми и долго време не разговарав со никој. Никој не знаеше низ што проаѓав, но едноставно не бев добро, ниту физички, ниту психички. Тоа беше многу тежок период за мене, но добив помош. Најпрво од Бог, потоа од моето семејство и од Карло Анчелоти.

– Карло многу ми помогна да ја пребродам кризата, забележа дека нешто не е во ред и виде дека не можам да им помогнам на теренот. Во тој период, игравме на секои три дена и немаше време за одмор, немаше време за решавање на моите проблеми. Карло забележа дека имам сериозни проблеми и ја разбра цела ситуација. Побара од мене да мирувам и да не играм фудбал. Многу сум благодарен што ме разбра.

– Тоа беше тежок период во мојот живот, но сега минав преку тоа и благодарен сум за поддршката. Кога и да можам, јас им се заблагодарувам на Анчелоти и на неговиот син Давиде. Сите ми помогнаа заедно со моето семејство. Сега не чувствувам ништо освен среќа, а тоа е најважно. Среќен сум и мотивиран за сезоната која е пред нас, – изјави Родриго.