[ВИДЕО] Јокиќ со чудесни асистенции ги остави противничките навивачи во неверување: „Ова е поезија“

Точка

07/10/2025

09:06

5.878

Големина на фонт

а а а

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ (30) беше во центарот на вниманието на пријателскиот натпревар со кој кошаркарите на Денвер Нагетс ги продолжуваат подготовките за новата НБА сезона.

Имено, трикратниот МВП на НБА лигата расположено влезе во средбата против домашниот тим Торонто Рапторс, а особено се издвојуваат две негови асистенции.

Особено внимание привлече едно додавање на Јокиќ и реакцијата на публиката откако успеа да го пронајде соиграчот без гледање, префрлувајќи ја топката речиси преку целата ширина на теренот.

„Ова е поезија“, беше објавено на профилот на Денвер по уште еден напад на екипата што заврши со нова асистенција на Јокиќ од тешка позиција и тројка на Кристијан Браун.

Инаку, Јокиќ за 20 минути игра немаше ниту еден промашен шут од поле (5/5), и погоди 7 од 9 слободни фрлања, а натпреварот го заврши со 17 поени, шест асистенции и пет скокови.

Брендон Инграм и Ар-Џеј Барет постигнаа по 19 поени за Торонто, а Денвер на крајот победи со резултат 112:108.