Миовски не стравува од фаворитот: Запознаени сме со слабите страни на Белгија

Дерби

07/10/2025

19:51

147

Големина на фонт

а а а

Македонија има биланс од три победи и две реми средби по пет комплетирани рунди во квалификациската група за Светското првенство, па во последните три рунди влегува како првопласирана пред Белгија и Велс.

Избраниците на Благоја Милевски вчера го имаа првиот собир за октомврискиот прозорец и веќе се подготвуваат за тоа што следи, а првиот испит ќе биде и најтежок во овие квалификации, бидејќи Македонија ќе му гостува на фаворитот Белгија во Гент.

Првиот натпрервар против Белгијците во Скопје заврши со резултат 1:1, па по одличниот впечаток кој го покажаа во квалификациите, нашите избраници не планираат да заминат со бело знаме кон Гент.

– Знаеме против каква репрезентација играме на првиот натпрвар. Веќе сме во последната фаза на квалификациите, а досега покажавме дека знаеме да играме фудбал и затоа се наоѓаме во ваква ситуација. Први сме во групата, имаме гол разлика 11-2 и ако некој не прашаше претходно дали сакаме да се најдеме во ваква ситуација пред квалификациите, нормално дека бевме задоволни. Сепак, работата не е завршена, сега следат најважните три натпревари, можеби едни од најважните во поновата репрезентативна историја.

– Првиот натпревар е против Белгија, а знаеме против каков противник играме. Свесни сме за нивните силни, но и слаби страни. Имаме доста поддршка од навивачите, знаеме дека ќе бидат во голем број, така што мислам дека ќе гледаат одличен фудбал. Белгија е одлична репрезентација, каде што деветдесет отсто од играчите играат во топ петте лиги. Но ние играме како тим и веќе го докажавме тоа, – изјави Бојан Миовски за ФФМ.