[ВИДЕО] Купиле стара куќа и добиле писмо од мистериозен поранешен сопственик: „Ни откри неверојатна тајна“

Точка

26/09/2025

17:38

681

Големина на фонт

а а а

Во вирална снимка, Кортни и Мет ги водат гледачите низ својата раскошна викторијанска куќа, купена од историско друштво, и ги откриваат нејзините скриени детали.

Кортни и Мет ги воодушевија корисниците на социјалните мрежи со видеа во кои откриваат тајни простории, скривници и скриени прегради во својата 130 години стара куќа. На нив наишле благодарение на морничавата и неочекувана порака од „последниот преживеан член“ на семејството кое некогаш го поседувало имотот, пренесува „NY Post“.

„Добивме писмо адресирано на ’купувачот‘“, објасни Кортни во своето вирално "TikTok" видео, додавајќи дека пристигнало од Канада. „Во писмото пишува: ’Дозволете ми да се претставам. Јас сум последниот преживеан член на семејството Медисон кое некогаш беше сопственик на куќата и јас пораснав во неа. Би сакал да ви кажам нешто за тајните простории и уште некои работи кои можеби не ви ги рекле кога ја купивте.‘“

Локацијата на нивниот дом не е откриена, а парот не сподели ни детали за семејството Медисон. Но, во снимката што собра повеќе од 1,5 милиони прегледи, Кортни и Мет ги водат гледачите низ својата импресивна викторијанска куќа, купена од историско друштво, и откриваат скриени детали.

Прво наишле на таен шкаф за алкохол над каминот во предната сала. Зад лизгачки огледален панел се криело вистинско богатство – неотворени шишиња француско розе вино од 1970 година, "cabernet sauvignon" од 1989, стар бурбон, пива и "cream sherry" пијалаци.

@living_in_history Replying to @VH Home Inspections #secretrooms #hiddencompartment #victorianhouse #historichouses #historicpreservation #homeimprovement ♬ original sound - Courtney & Matt

Потоа, според упатствата од писмото, пронашле тајна просторија во бањата, спроти вратата во ѕидот. Се покажало дека станува збор за тесен, морничав тавански простор, а не за соба. „Веројатно некогаш овде имало соба“, рече Кортни, „но сега е само празно поткровје.“ Сепак, откриле и мали заклучени вратички спроти WC-то кои воделе во огромен простор за складирање. „Огромна просторија!“ извика Кортни. „Уште не знаеме како ќе ја користиме, но засега е баш кул.“

"TikTok" публиката беше воодушевена. „Ја обожавам вашата куќа! Ова личи на потрага по богатство!“ коментираше еден гледач. „Ова е мој сон! Толку сум љубоморен!“ додаде друг. „Неверојатно е што поранешниот сопственик ви испратил писмо за куќата“, напиша трет.

Кортни и Мет во други објави покажуваат и стар мебел и ситници што ги нашле, меѓу нив и музичка кутија која свири морничава верзија на свадбениот марш. „Боже мој!“ извика Кортни во видеото кое собра 1,2 милиони прегледи. „Секој ден ново богатство.“