[ВИДЕО] „Она кога ќе те прашаат како оди диетата“: Куче не престанува да го лиже екранот, видело сланина – милиони се смеат до солзи

Точка

26/09/2025

11:04

571

Големина на фонт

а а а

На крцкавата сланина ретко кој може да остане имун. Се разбира, зборуваме за љубителите на месо, на кои им потекнува вода на уста само при самата помисла. А меѓу оние кои не можат да останат рамнодушни дефинитивно се вбројуваат и кучињата, на кои не ретко „залутува“ по некое парче од масата — директно во уста.

Сепак, едно кученце се нашло во урнебесна ситуација кога неговите сопственици одлучиле да се пошегуваат и му покажале сланина на екран.

Нивниот миленик веднаш возбудено се искачил на комодата и почнал да лиже — но, залудно. Сланинката крцка на екранот, ама вкус никаде!

Не мора да ви кажеме дека снимката преку ноќ станала вирална, со неколку милиони прегледи — и тоа само на ТикТок — а луѓето не престануваат да се смеат поради кучето што не се откажува од својата омилена посластица.


Очекувано, коментарите не изостанаа:

„Она кога ме прашуваат како ми оди диетата“,

„Ау, колку се смеам, исто брате, исто“,

„Урнебесен е“,

„Ме боли стомакот од смеење“,

„Ама тој не се откажува“,

„Ја гледам сликата, ама нема вкус“, пишуваа луѓето.

А дали и вашите миленици некогаш се однесувале слично?