Октоберфест, 190-ти по ред, официјално започна денеска и ќе трае до 5 октомври, со процени дека ќе привлече помеѓу шест и седум милиони посетители, пишува Дојче веле.
Цените на пивото достигнаа рекордни цени оваа година.
„Мас“, односно литар пиво во кригла, сега чини повеќе од 15 евра, а најскапото пиво во шаторот „Münchner Stubn“ достигнува цена од 15,8 евра за литар.
Ова е значително зголемување во споредба со минатата година кога цената беше близу, но сепак пониска од 15 евра.
Иако цените на пивото се зголемија, бројот на посетители е сè уште голем, бидејќи секоја година се пијат околу седум милиони кригли пиво.
Октоберфест е манифестација која е лесно достапна, до местото каде што се одржува може да се стигне лесно и со брз превоз, додека „униформата“ за оваа пригода е традиционалните дирндл фустани за жени и кожени панталони за мажи.
Иако влезот на фестивалот е бесплатен, за да влезете во големите фестивалски шатори потребно е однапред да резервирате место поради големата побарувачка.
Гастрономијата на Октоберфест не заостанува зад традицијата, но сега вклучува и нови трендови, како што се вегетаријанските и веганските јадења.
Сепак, класичните месни јадења остануваат најпродавани, со акцент на печеното пилешко – „Хендл“, кое се продава во 500.000 парчиња секоја година.
Минатата година биле изедени дури 125 волови и 70.000 свински коленици.
Октоберфест е познат по тоа што сериозно ја сфаќа безбедноста на своите посетители.
Климатската неутралност станува клучна тема, бидејќи Октоберфест сака да стане целосно климатски неутрален настан до 2028 година.
Од 2023 година се користи исклучиво зелена електрична енергија, а многу практики, вклучувајќи рециклирање и намалување на пластиката, го прават фестивалот поеколошки.
Секоја година се собираат околу 3.500 до 4.500 изгубени предмети, меѓу кои најчести се паричници, мобилни телефони, јакни и клучеви.