Една девојка од Србија која живеела во Швајцарија, одлучила да ја напушти оваа земја и да се пресели во Македонија.
Србинката неодамна објави видео на Инстаграм во кое вели дека ваквата одлука наишла на поделени коментари: коментарите на Балканците се дека очигледно не се снашла и не знаела да се приспособи, додека луѓето од Македонија ја пречекале со раширени раце.
„Во Македонија луѓето ме пречекуваат со насмевка и убав збор - иако не ме познаваат, се радуваат што сум овде и што сум го следела своето срце.
А потоа има и други... оние на кои ќе им засмета дури и да го спомнам врeмето во Швајцарија. Одеднаш, тие најдобро знаат зошто сум заминала, нормално, поради времето.
Коментари како: „не се снашла и не знае да се прилагоди“, „не с*ри“, „глупаво е да се напушти држава поради дожд“, „затоа Швајцарија е толку зелена“...“, стои во описот на видеото кое завршува со зборовите „поздрав од сончевата и љубезна Македонија“.