[ВИДЕО] Заборавете на Грција и Хрватска: Туристка откри каде може да јадете обилен оброк за 4 евра – во текот на целата година

Точка

19/09/2025

22:54

3.390

Големина на фонт

а а а

Една Британка одлучила да го сподели своето искуство на социјалните мрежи, а се однесува на цената на храната во Турција.

Таа останала пријатно изненадена од цената на целосниот оброк од три јадења во едно од најпопуларните летувалишта, а нејзината објава на социјалната мрежа ТикТок за кратко време привлекла огромно внимание.

Таа открила дека, без оглед на тоа што сите зборуваме за инфлацијата, и натаму може да се најдат исклучително поволни понуди.

Објаснила дека во Мармарис наишла на ресторан којшто едноставно морала да го сподели со своите следбеници.

„Здраво на сите, доколку престојувате во областа Армуталан во Мармарис, всушност може да добиете оброк од три јадења за 3,50 фунти (околу 4 евра), а доколку навистина сакате да пробате традиционална турска кујна, би ви препорачала да дојдете тука“, порачала корисничката.


Нејзината објава предизвикала лавина коментари и отворила многу прашања. Потврдила дека цените се исти во текот на целата година, а на љубопитните туристи им открила дека ресторанот се вика „Anadol Yemek Evi“.

Многумина напишале дека имале исто толку позитивно искуство таму:

„Го обожавам ова место. Мојот сопруг постојано оди таму по храна за сите нас. Одлично е“, напишала една корисничка, додека пак друга додала дека таму е навистина неверојатно евтино.


Ресторанот има одлична рецензија и на „TripAdvisor“, со просечна оцена од пет ѕвездички, а еден од посетителите го опишал и како место со најдобра храна во Мармарис.