Ова се петте нешта кои можеби не ги знаевте за Унгарија и Унгарците

Точка

30/01/2025

12:54

3.966

Големина на фонт

а а а

Унгарија зафаќа површина од 93.030 квадратни километри во Централна Европа, а се граничи со Австрија, Словачка, Украина, Романија, Хрватска, Србија и Словенија.

Тоа е земја на бројни чуда и туристички куриозитети, а во продолжение дел од невообичаените факти за оваа земја.

Имаат долга азбука

Унгарската азбука опфаќа дури 44 букви, што е за 14 букви, тие се: A, Á, B, C, CS, D, DZ, DZS, E, É, F, G, GY, H, I, Í, J, K, L, LY, M, N, NY, O, Ó, Ö, Õ, P, Q, R, S, SZ, T, TY, U, Ú, Ü, Ű, V, W, X, Y, Z, ZS.

Сепак, ова не е најдолгата азбука во светот. Таа титула му припаѓа на камбоџанскиот јазик и неговата азбука, која опфаќа дури 73 букви и е еден од најтешките јазици за совладување во светот.

Имаат железница во која работат деца на возраст од 10 до 14 години

„Gyermekvasút“ е унгарски термин кој се однесува на детска железница со која управуваат деца на возраст од 10 до 14 години.

Продажба и проверка на билети, сигнализирање на сообраќајот и други занимања на железницата – освен возењето на самиот воз – ги извршуваат деца, но сето тоа под надзор на возрасни.

Ја имаат најголемата синагога во Европа

Унгарија е дом на најголемата синагога во Европа. Поточно, таа се наоѓа на улицата „Dohány“ во Будимпешта.

Изградена е во средината на 19 век, а има дури 3.000 седишта. Најголемата синагога во светот, сепак, се наоѓа во Ерусалим, со површина од 7.500 квадратни метри и може да прими 20.000 верници.

Ја измислија најпродаваната играчка во светот

Рубиковата коцка била измислена од унгарскиот професор и скулптор Ерно Рубик во 1974 година со цел да им ја објасни 3Д геометријата на своите студенти. Тој го патентирал својот изум во 1977 година под името магична коцка, но таа стана популарна дури во 1980 година, кога доби лиценца на „Ideal Toy Co“.

За само три години беа продадени сто милиони примероци, а до денес се купени повеќе од 350 милиони примероци. Затоа, не изненадува тоа што често се нарекува најпродаваната играчка во светот.

Имаат еден од најголемите музеи во Европа посветен на флипери

Скриен во подрум, во квартот „Újlipótváros“, под станбена зграда во Будимпешта се наоѓа рајот за љубителите на винтиџ игрите – малиот музеј на флиперите.

Има повеќе од 160 автомати и десетици аркади – поседува една од најголемите колекции на оваа игра во Европа. За приближно 12 ипол евра, колку што чини цената на влезниот билет, можете да поминете цел ден неуморно играјќи игри во музејот.