[ФОТО/ВИДЕО] „Џиновски одвод: Без најава вшмукува сè што ќе му се најде на патот

Точка

17/02/2025

19:23

3.655

Големина на фонт

а а а

Поголемиот дел од времето, најголемото езеро во округот Напа, Калифорнија, изгледа како секое друго езеро.

Поради својата убавина привлекува повеќе од милион посетители годишно, кои доаѓаат да пливаат, да ловат риби и да скијаат на вода.



Но, кога ќе наврнат дождови и ќе се зголеми нивото на водата, се појавува вител кој изгледа нереално.

Величествената дупка „Glory Hole“ на вештачкото езеро Бериеса е дел од браната Монтичело и претставува џиновски одвод, сличен на оној во када. Дијаметарот на дупката е 22 метри, а на дното се стеснува на ширина од помалку од девет метри.


Џиновскиот одвод се активира откако ќе се зголеми нивото на водата. Кога водата ќе се намали, може да се забележи врвот на бетонската цевка над површината на езерото.

Пливањето околу дупката е строго забрането за да се спречи повторување на страшниот настан од 1997 година, кога пливач кој премногу се приближил бил вшмукан од вителот.