[ВИДЕО] Желка преживеала 10 години затрупана под куќа: Жена повикала ѕидар да ја отклони влагата, а потоа следувал шок!

Точка

17/02/2025

22:08

3.331

Големина на фонт

а а а

Една жена од Токантинс, под својата куќа која последен пат ја реновирала пред 10 години, пронашла желка која сè уште била жива. Се верува дека животното оттогаш е таму.

Откако била спасена, забележано е дека желката избегнува сончева светлина и има деформации на школката, што експертите го припишуваат на нејзиниот долг престој во темен и затворен простор, со ограничени извори на храна и хранливи материи.

Желката била пронајдена под подот на куќа во Итакаи, во североисточната бразилска држава Токантинс. Биологот Алуисио Васконселос де Карваљо објаснил дека ова животно е рептил кој јаде сѐ и дека лесно се приспособува,.

„Бидејќи е сештојад и јаде сè, а во таа средина нема вегетација или друга храна, освен инсекти кои преживеале благодарение на влажноста, таа научила научила да ги јаде“, вели биологот.

Животното било пронајдено на 7 февруари, кога Луиза Коељо да Круз Агиар (60) побарала ѕидар да провери дали има можна влага под нејзината куќа, не ни помислила дека под подот има желка кја успеала да преживее закопана толку години, пренесува „Г1“.

Мајсторот не забележал дека керамиката е мека и почнал да ја крши мислејќи дека ќе наиде на истекување на вода. Потоа ја видел желката, па ги повикал домакините да ја видат – изјавила сопственичката на куќата.

Државниот институт за природа Токантинс соопшти дека животното има потреба од соодветен третман и мора да биде сместено на контролирана температура и изложено на индиректна сончева светлина.

Експертот додал дека исхраната на животното низ годините се базирала на инсекти кои преживеале во исти услови. Според биолозите, откако била затворена со години во темен простор без светлина, развила зголемена чувствителност на светлина.

„Адаптирајќи се на оваа темна средина, нејзината кожа нема развиено меланински пигменти кои и дозволуваат да биде изложена на сончева светлина или силна светлина. Затоа, ќе ѝ треба постепен процес на адаптација на новите услови“,  објаснил Карваљо.

Тој додал дека долги години живеењето во таква средина предизвикува нутритивни дефицити и деформација на оклопот.

„Јасно е дека страдала од недостаток на хранливи материи. Исто така, има деформација на оклопот, кожата и самата структура на телото поради лошата исхрана. Немала пристап до вистинска храна, но јадела се што можела да најде во тој простор за да преживее“, истакнал експертот.