Евровизија, најпознатото музичко натпреварување во Европа, понекогаш носи не само прекрасни изведби, туку и непланирани, незаборавни моменти кои влегуваат во историјата. Еден таков момент се случи во далечната 1981 година, за време на натпреварувањето во Даблин.
Тогаш Југославија ја претстави Сеид Мемиќ Вајта со песната „Лејла“, а сите погледи беа вперени во доделувањето на поените. Меѓутоа, она што сите го очекувале како сериозен момент, стана вистински комичен спектакл, и тоа благодарение на водителката Хелга Влаховиќ.
Водителката Ни Бриаин започна со поздрав „добра вечер“ и потоа побара од својата хрватска колешка да ги пренесе поените што Југославија ги подготвила. Но, при пренесувањето на гласовите дошло до недоразбирање поради проблем со телефонската линија која тогаш не функционирала правилно.
Зборовите „Ги немам“, кои ги изговори Влаховиќ, станаа вирални и предизвикаа громогласна смеа во салата.
Носталгијата за тие незаборавни моменти е оживеана благодарение на корисниците на социјалните мрежи, а најновото видео на ТикТок повторно ги разгоре спомените, собирајќи повеќе од 100.000 прегледи.
Овој лапсус стана вистински хит и се најде меѓу најсмешните евровизиски моменти на сите времиња.