Вработените во супермаркет во Њу Хемпшир, САД, минатата недела доживеале шокантно искуство кога меѓу бананите пронашле неочекуван гостин – змија отровница.
Според извештајот на Одделот за риба и диви животни во Њу Хемпшир, вработените ја откриле змијата скриена во пратка со банани. Поручникот Адам Чејни изјавил за „Ен-би-си“ дека неговиот тим обично се занимава со автохтони влекачи, но оваа средба била сосема неочекувана. За среќа, еден од вработените бил запознаен со влекачите, што помогнало за брза идентификација.
Утврдено е дека станува збор за змија долга околу 45 сантиметри, вид на раскошна змија со мачкини очи, отровна змија која потекнува од Еквадор. Поручникот Чејни изјавил дека во своето 25-годишно искуство никогаш претходно не видел ваков вид змија.
„Сите беа заинтересирани бидејќи немаме можност да ја видиме освен ако не одиме во Јужна Америка“, рекол тој.
Змијата била неповредена и брзо била преместена во организација специјализирана за грижа за егзотични животни.
Hands Off The Bananas
Another great example of the diversity of being a NH Conservation Officer.
On Saturday,...
Posted by NH Fish and Game Law Enforcement Division and Operation Game Thief on Sunday 16 February 2025
Мек Ралбовски, потпретседател на организацијата „Шоу за рептили од дождовните шуми“, потврди дека змијата ќе остане во нивна грижа до крајот на својот живот.
„Бидејќи се работи за отровен вид, преземаме екстремни мерки на претпазливост кога ја носиме на едукативни настани“, објаснил Ралбовски.
Тој ги смирил и потрошувачите, нагласувајќи дека змиите во пратките се релативно невообичаени и нема причина за загриженост.
A bunch of bananas at a New Hampshire grocery store hid a slithering stowaway last week. https://t.co/cK5ACsegaC
— NBC News (@NBCNews) February 19, 2025
„Кога пратките доаѓаат од тропските региони, постои можност на нив да има „заталкани патници“. Сепак, тоа се обично мали гуштери, жаби или безрбетници“, додал тој.
Од организацијата им се заблагодариле на надлежните органи за брзата и ефикасна реакција, со што се обезбедило безбедно сместување на ова необично животно. Тие истакнале дека змијата со мачкини очи е вид која потекнува од Панама, Еквадор и Колумбија, првенствено се храни со водоземци и гуштери и дека како ноќен вид на змија бара посебна стручност и внимание.