Членовите на племето Водаабе ја наоѓаат смислата на животот во убавината, мажите се подготвени да направат сè за тоа, а еве што прават жените.
Номадското племе Водаабе, кое се наоѓа во пустинските региони на Нигер, е уште едно во низата племиња кои практикуваат необични обичаи низ Сахара, каде жените и девојките ги оценуваат мажите врз основа на нивниот изглед.
Во африканското племе Водаабе од Нигер, акцентот е ставен на убавината, а браковите ги договараат родителите додека децата се уште се мали, најчесто меѓу роднини. Меѓутоа, еднаш годишно, за време на фестивалот Гервол, машките членови на ова племе се маскираат и крадат жени.
Ако ја киднапираат сопругата без мажот да ги види, и младенците стануваат општествено признати. Таквите бракови се нарекуваат „љубовни бракови“.
Племето Водаабе цени три работи во животот:
1. убавина,
2. говеда,
3. семејство.
Како племе, основна карактеристика им е лојалноста. Тие заработуваат со трговија со добиток и месо, снабдувајќи стотици села од брегот на езерото Чад до брегот на Атлантскиот Океан во Сенегал, а згора на сè, тие мора да бидат опсесивно горди на својот изглед. Мажите и жените од ова племе се познати по својата убавина, а Бороро, како што често ги нарекуваат, претпочитаат високи жени и мажи со силни мускули, прав нос и беспрекорна кожа.
По септемвриските дождови, пред да започне годишната преселба, номадските родови се собираат во пустината, заедно со својот добиток, за да го прослават преселбата, но и да се натпреваруваат во убавина. Овој караван настан трае неколку недели и се вика Гервол. Тоа е богата културна церемонија која вклучува кланови состаноци, трки со камили, танцување, пеење и договорени бракови.
Сепак, најважното натпреварување на фестивалот Гервол е натпреварот за најзгоден маж од сите племиња.
Ако некогаш сте помислиле дека жените трошат премногу време на шминкање и дотерување – размислете повторно, откако ќе слушнете дека мажите од племето Водаабе поминуваат повеќе од три часа за да се облекуваат, подготвуваат и шминкаат.
Костимите за специјалниот натпревар за убавина што се одржува секоја година се подготвуваат цела година и мора да бидат шарени, чисти, убави, со многу додатоци, а најдоминантни се жолтите и разните нијанси на сина боја.
Усните и носот на мажите мора да бидат особено истакнати, а откако ќе завршат сите процеси, мажите од племето Водаабе се подготвени за натпреварот за убавина. Тоа е дел од нивната воинствена традиција. Прво, парада, танцување, пеење во пустината – се за да ја импресионираат женската популација – која во овој случај е жирито и судијата.
Жените во тоа племе бараат маж со најубаво лице, најизразени црти, највисок и најграциозен. Тој мора да биде добро облечен, со поканлива насмевка и сјајни очи.
Жените од Водаабе се сметаат за највпечатливи во Западна Африка, поради што се во жирито. Тие набљудуваат, оценуваат и коментираат од далечина, преправајќи се дека се срамежливи – а всушност се сосема спротивно. Победникот симболично се нарекува „Господин Водаабе“.
Конкурсот е отворен за сите оженети и слободни мажи, а доколку победникот не е оженет... слободните жени од жирито можат да го поканат на „поблиско запознавање“.
Победниците на изборот за убавина Гервол ритуално се паметат години подоцна.
Вистинската церемонија на „покажување“ на натпреварувачките не се разликува многу од добро познатиот натпревар за Мис на светот. Натпреварувачите одат пред судиите сакајќи да остават најдобар впечаток.
Номадското племе Водаабе е претежно исламско, но значително отстапува од „традиционалното“ разбирање на исламот и општествените вредности, како и од стандардите за убавина.
Уште поинтересно е тоа што кога зборот „Водаабе“ се преведува од традиционалниот јазик, тоа значи „племе без табуа“.