Корисничката на ТикТок, Каролин доживеала навистина магичен момент во Северна Каролина, иако не ја откри точната локација. Имено додека се возела низ шумата, наеднаш здогледала нешто што ѝ го одземало здивот – потполно бел елен чие крзно блескало во зимската идила.
Каролин веднаш го снимила ова ретко и неверојатно суштество, бидејќи знаела дека тоа бил момент кој вредел да се забележи.
Според извештаите на порталот „Buck Manager“, се работи за албино елен, што значи дека станува збор за ретка генетска мутација која се јавува само во еден случај од 100.000. Албино животните се посебни и уникатни за многумина – нивната необична, светла боја е она што ги издвојува од сите други животни, а поради нивната реткост станаа предмет на фасцинација. Еленот кој го сними Каролин имаше розови уши и нос и мирно ја набљудуваше околината.
Нејзината снимка предизвика голем број коментари, а корисниците го изразија своето воодушевување. „Тоа е неверојатно! Никогаш немам видено албино елен“, „Ти благодариме што сподели вакво прекрасно искуство со нас“, „Каква ретка убавина. Повеќето од нас веројатно никогаш не сретнале бел елен“, „Магично е“, беа дел од коментарите под снимката.
Инаку ова не е првпат албино елен да биде забележан во Северна Каролина, имено во јануари оваа година слично животно беше забележано во Гринсборо, но не е познато дали се работи за истиот елен кој Каролин го снимила.
Митови и легенди
Албино елените не само што се ретки, туку во многу култури се сметаат за свети и симболизираат среќа, пишува Дејли Мејл. Во келтската митологија, овие елени биле поврзани со мистични моќи. Една легенда вели дека белиот елен во приказната за кралот Артур значел дека е време неговите витези да го продолжат својот поход.