Колку мачките се популарни домашни миленици? Во оваа европска земја, 48 отсто од домаќинствата имаат барем една

Точка

20/02/2025

21:07

1.529

Големина на фонт

а а а

Според едно истражување Романија е рангирана на прво место меѓу земјите на Европската унија во однос на бројот на мачки како домашни миленици, со дури 48 отсто од домаќинствата во земјата кои поседуваат најмалку една мачка.

Полска е на второ место со околу 41 отсто од домаќинствата кои поседуваат мачки. Кога станува збор за другите земји на листата – третото место го зазеде Латвија, а потоа следат Унгарија, Белгија, Словенија и Португалија.

Грција има најмал процент на домаќинства со мачки како домашни миленици, а Словачка, Шпанија и Ирска исто така се на дното на листата.


Инаку, мачките се „најпопуларниот“ вид на домашно милениче во Европската унија. Во цела Европа генерално, бројот на мачки значително се зголемил од 2010 година, а вкупната популација на континентот се проценува на околу 129 милиони според статистиката.