Неисхрането бебе – фока било пронајдено како се шета низ улиците на Конектикат, во близина на Универзитетот Јеил, најмалку 300 метри оддалечено од најблиската река во тоа подрачје.
Фоката била спасена во неделата попладне, откако случаен минувач се јавил во полициската станица во Њу Хејвен, која била известена за „животно кое можеби било повредено“.
„Претпоставувавме дека дошла да ја проба пицата со школки, но не можам да го потврдам тоа. Среќни сме што сега е на безбедно“, изјави портпаролот на полициската станица, Кристијан Брукхарт.
Полицајците кои брзо излегле на местото на настанот, го чувале мажјакот – бебе, сè додека не било префрлено во водениот парк „Мистик“. Тие дури вчера ја посетија фоката во аквариумот, каде што ќе остане додека не биде пуштена назад во дивината.
Фоката, за која се верува дека е стара околу пет до шест недели, била спасена од персоналот на аквариумот најмалку двапати во текот на претходната недела. Имено чуварите на аквариум го преместиле животното на плажата, но тоа се вратило во центарот на градот, најверојатно поттикнато од инстинктивниот страв од возрасни фоки и дивиот океан.
Сивите фоки ги населуваат крајбрежните области на Северен Атлантик и се хранат првенствено со риби, школки, мекотели и повремено морски птици, според Националната океанска и атмосферска управа на САД (NOAA). Кога ќе се родат тежат околу 16 килограми и добиваат околу еден и пол килограм дневно во првите три недели од животот.
Новороденчињата цицаат млеко со многу маснотии околу три недели, според информациите од аквариумот, што докажува „зошто оваа фока имала среќа да биде спасена“.
„Тој е интелигентен и сериозен и покажува интерес за рибите, иако сè уште не јаде самостојно“, рече Франческа Батаглиа, портпаролка на аквариумот и додаде:
„Тој моментално се храни со пире од риба и оди во „училиште“, каде што го учиме дека рибата е храна“. Најверојатно се изгубил и инстинктивно се упатил кон центарот на градот. Меѓутоа, областа е премногу развиена и затоа не е безбедна за него“.