Добила 20.000 евра отштета бидејќи вработените во Зара влегле во кабината додека се пресоблекувала

Точка

15/02/2025

13:23

7.222

Големина на фонт

а а а

Кристал Џојс, 20-годишна тиктокерка и инфлуенсерка од Ирска, доби 20.000 евра отштета откако члeнка на обезбедувањето во Зара влегла во нејзината кабина додека таа се пресоблекувала. Џојс рекла дека била вознемирена кога ѝ ја отворила завесата во кабината додека, како што кажа, била делумно соблечена, пренесува Дејли Мејл.

Тврди дека била жртва на клевета

Таа, исто така, пред судот изјави дека била држена против нејзина волја во кабината за пресоблекување, а потоа „ја претставиле како крадец и ја испрашувале пред другите клиенти, иако не направила ништо лошо“. Џојс тврдеше дека била жртва на клевета бидејќи во присуство на други лица било имплицирано дека е „вмешана во криминални активности“, иако, како што рече, само сакала да проба нова облека.


Судот пресуди во нејзина корист и ѝ наложи на Зара и на нејзината компанија за обезбедување да ѝ исплатат отштета од 20 илјади евра. Нејзината адвокатка, Естер Ерли, изјави пред судот дека Кристал често се фотографира во соблекувалните додека пробува женска облека во различни продавници, а потоа ја промовира и препорачува таа облека на своите следбеници на ТикТок.

„Тие ѝ наштетија на девојката“

Судијата кој работеше на нејзиниот случај објасни дека „се случило голема препирка“ и смета дека на инфлуенсерката ѝ била нанесена штета.


„Обвинителката даде искрени и отворени изјави“, рече тој. Тој исто така кажа дека доказите на Зара не биле ниту убедливи, ниту веродостојни. „Постапиле на начин кој ѝ нанел штета на девојката“, додаде тој.