[ВИДЕО] Како луѓето кои живеат во најстудениот град на планетата ги загреваат своите домови: Сметката за греење им изнесува неверојатни 8 долари

Точка

19/02/2025

20:37

2.412

Големина на фонт

а а а

Марија Солко е јутјуберка која живее во Јакутск, често нарекуван најстудениот град на светот, а во своето неодамнешно видео објасни како луѓето се загреваат на место каде температурите често достигнуваат и до минус 50 степени Целзиусови.

„Како успеваме да се загрееме кога сè околу нас е замрзнато?“ се запраша таа на почетокот на видеото, објаснувајќи како ги загреваат своите домови во една од најекстремните клими во светот?


Таа објасни дека во зградите главно се користат два начина на греење – централно и индивидуално греење на гас. Повеќето згради изградени пред 2010 година ја користат првата опција.

Со оглед на тоа дека земјата е замрзната, цевките мора да бидат над земја, а често на нив има и пукнатини. Најголемиот недостаток на овој тип на греење е тоа што сопствениците на станови не можат да ја контролираат температурата, рече Марија.

Што се однесува до втората опција, секој стан може да ја контролира температурата во својот дом. Зградата во која живее Марија има три врати за да ја одржува топлината внатре.


Открила дека во декември за парно платила само осум долари за 120 кубни метри плин, додека нејзините роднини кои живеат во зграда со парно плаќале 130 долари за 76 кубни метри гас.