Го прослави Клинт Иствуд – запознајте го гратчето во кое високите потпетици се забранети, а каде на кучињата речиси сè им е дозволено

Точка

28/03/2022

17:40

37.538

Големина на фонт

а а а

Овој восхитувачки град изгледа како да се појавил од најубавата книга за бајките. Тешко дека ќе поверувате, но Кармел на море постои во реалноста.

Основан во 1771 година во склоп на мисијата за ширење на христијанството, а на почетокот на 20-ти век станал едно од најважните средишта за уметниците кои оттогаш не престанале да одат таму.

Во овој град денес живеат околу 3.800 жители, а истиот е своевиден микрокосмос во кој животот се базира на вредностите на т.н. калифорниски сон, односно самостојност, креативност и неуморен слободен дух.

За ова сонливо место слушнале многумина, но моментот во кој добил „пет минути слава“ се случил во текот на 80-те години кога функцијата на градоначалник ја добил кралот на вестерн филмовите Клинт Иствуд.

Покрај неговото име, уште една позната личност дала голем придонес на овој град, а тоа е Дорис Деј која се погрижила за статусот на кучињата кои се добредојдени во речиси сите објекти во градот.

За да се избегне масовната урбанизација и да се одржи мирот во градот, жителите на Кармел на море усвоиле некои неконвенционални закони, па така во овој град постои ограничување на уличното осветлување, нема високи згради и на куќите нема броеви.

За полесно да се движат во текот на ноќта, локалните жители носат со себе џебни ламби. Поради тоа што не постојат адреси, во Кармел не постои ниту фаст-фуд ланец ресторани туку угостителски понуди базирани на разновидна светска кујна, домашна храна и вино.

Сепак, можеби едно од најпознатите правила е тоа што таму не се носат високи потпетици.

Имено, поради тоа што градските власти забраниле сечење на дрвја, корените од големите чемпреси често ги подигнувале плочките на улиците, па нерамните патеки и улиците станале проблематични за носењето потпетици.

За да се избегнат судските спорови со жените кои се повредиле носејќи високи потпетици, Кармел станал единствениот град во Америка чија власт забранила носење чевли со висока потпетица (повисока од пет сантиметри).