Руски онколог го опишал просечниот профил на луѓето кои најчесто заболуваат од канцер, а на сите нив заеднички им се неколку особини.
Познатиот руски онколог и имунолог Данил Шепењајев во интервју за порталот „News“ говорел за просечниот профил на луѓето кои најчесто заболуваат од канцер.
Докторот нагласува дека најзагрозени се луѓето постари од 50 години, кои со години живееле под притисок, во постојан стрес и без можност навреме да се посветат на сопственото здравје.
Според неговите зборови канцерот често се појавува кај луѓето кои се исцрпени од хроничен умор, преоптоварени се со работата и обврските, а покрај тоа се соочени и со сериозни финансиски проблеми.
Сето тоа, додава, доведува до тоа да немаат средства ниту време за превентивни прегледи и квалитетна медицинска нега пред болеста да почне да се развива.
Лицата постари од 50 години во поголем ризик
„Типичен пациент со дијагноза на канцер е личност, без оглед на тоа дали е машко или женско, постара од 50 години. Како по правило тоа е човек којшто е преоптоварен со работа и со многу кредити и долгови. Неопходна му е најевтина терапија затоа што за други нема за жал, тоа се често луѓе кои едноставно се занемариле себеси“, истакнува Шепељајев.
Онкологот особено предупредил дека канцерот не се развива само како последица на генетски фактори туку во голема мера поврзан е со имунитетот. Кога одбранбениот механизам на организмот ослабнува, телото станува поранливо и помалку способно да го запре растот на туморските клетки.
„Канцерот е болест која е зависна од имунитетот. Кај некои луѓе може да се јави и пред 45-тата година, а некои може да се разболат и на 80 години. Сѐ зависи од функционирањето на антитуморските компоненти во телото“, нагласува тој.
Докторот додал дека токму поради тоа важно е да се следи здравјето и редовно да се контролира имунитетот затоа што превентивните мерки и навремената дијагностика може значајно да го намали ризикот од тешки последици.
Експертите ги советуваат луѓето, покрај здравата исхрана и физичката активност, особено внимание да посветат на намалување на стресот и чување на менталното здравје затоа што како што вели докторот, „игнорирањето на сопствените потреби најчесто има највисока цена“.