Сите знаеме дека ни се потребни витамини од овошјето и зеленчукот за оптималното здравје, но не е тајна дека тие намирници често се третираат со пестициди, тие се генетски модифицирани или на друг начин се преработуваат и можат да бидат опасни.
Организацијата „Environmental Working Group“ која ја проучува употребата на хемикалиите во земјоделството, секоја година ја ажурира листата на „валкани намирници“ за да укаже на тоа дека овошјето и зеленчукот кои се одгледуваат се полни со пестициди.
Најзначајниот новитет на таа листа се боровинките кои го зазеле 11 место. научниците во ова суперовошје пронашле 54 пестициди, при што речиси 80 отсто од примероците се покажало дека имаат присуство на два или повеќе пестициди.
Кои други намирници се дел од оваа листа?
Овошјето и зеленчукот се рангирани од најголеми до најмали количини на пестициди:
1. Јагоди;
2. Спанаќ;
3. Кељ и зелка;
4. Праски;
5. Круши;
6. Нектарини;
7. Јаболка;
8. Грозје;
9. Пиперки;
10. Цреши;
11. Боровинки;
12. Зелена боранија.
Како да ги намалите пестицидите во овие намирници?
Начинот на миење на овошјето и зеленчукот е многу важен, а за среќа „FDA“ дала совршен водич. Следете ги следните чекори за најчисто овошје и зеленчук:
- Измијте ги рацете со топла вода и сапун 20 секунди.
- Исечете ги сите исекотини или изгребани места на овошјето или зеленчукот.
- Нежно тријте ги намирниците под обична проточна вода.
- Исушете ги на чист пешкир.
- Излупете го овошјето или зеленчукот.
- Повторно измијте ги рацете.