Светската здравствена организација наведува дека со таа состојба се поврзани дури 871.000 смртни случаи годишно.
Експертите сѐ повеќе предупредуваат дека хроничната осаменост не влијае само на нашето расположение туку може целосно да го смени и квалитетот и должината на животот.
Денес се проценува дека секоја шеста личност на светот – околу 1,17 милијарди луѓе, патат од чувство на осаменост.
Светската здравствена организација наведува дека со таа состојба се поврзуваат дури 871.000 случаи годишно.
Иако многумина веруваат дека осаменоста најмногу ги погодува старите луѓе, реалноста е поразлична. Таа е сѐ поприсутна и меѓу младите, па дури и меѓу тинејџерите. Особено загрижува податокот дека скоро четвртина од девојчињата тинејџери признаваат дека се чувствуваат осамено.
Што му прави на телото осаменоста?
Научниците велат дека долготрајната изолација може да биде еднакво штетна како секојдневното пушење цигари. Зголемен крвен притисок, воспаленија, пад на имунитетот, сето тоа го отвора патот на срцевите болести и хронично здравствените проблеми.
Како ја погодува психата?
Освен телото, осаменоста го ослабнува и духот. Таа го зголемува ризикот од депресија, анксиозност, па дури и деменција во подоцнежни години. Проблемот е што многумина својата состојба не ја препознаваат навреме, сѐ додека последиците не станат посериозни.
Како да се борите против неа?
Негувајте ги пријателствата и семејните односи, редовните средби го поправаат расположението.
Придружете се на заедници, спорт, волонтирање или хоби.
Побарајте помош, разговарајте со експерти кои можат да ви помогнат во одредени ситуации.
Осаменоста не е само минлива непријатност туку сериозен здравствен ризик. Затоа грижата за општествените врски може да биде исто толку важна како и здравата исхрана или редовното движење.