Некогашната тенисерка гостувала во една емисија во луксузна модна комбинација која е совршена рамнотежа меѓу минимализмот и гламурот.
Марија Шарапова деновиве добива многу признанија за својата блескава кариера, а постојано го оправдува и статусот на една од најдобро облечените тенисерки на светот.
Поранешната тенисерка моментално престојува во Њујорк каде свечено ѝ бил врачен официјалниот прстен на УС опен којшто го освоила во 2006 година, а за тој повод гостувала во емисијата „Today Show“.
Шарапова за оваа прилика избрала да носи шик стајлинг, а воедно и многу луксузен.
Убавата Русинка избрала да носи бела блуза со кратки пуф ракави кои го зголемуваат впечатокот на нејзиното модно издание, а станува збор за брендот „Gabriela Hearst“ и истата чини 2.070 долари.
Блузата ја комбинирала со кафеаво миди-здолниште од кожа, асиметричен модел којшто од колената благо се шири и е парче од истата модна куќа вредно 6.840 долари.
Марија Шарапова носела и кожна чанта од истиот бренд, а истата чини 3.500 долари како и неутрални салонки за кои издвоила 1.300 долари.
Целокупниот стајлинг на тенисерката чини 13.700 долари, а впечатокот којшто го оставила со својот стил едноставно е феноменален.
Резултатот е елегантен стајлинг којшто одлично функционира и за дневни и вечерни прилики, а е микс од класично здолниште и топ со впечатливи ракави коишто направиле одличен баланс меѓу минимализмот и „wow“ ефектот.
Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација на Марија Шарапова?