Нутриционистите советуваат дека наутро не треба да пиете само обично кафе туку во него да додадете цимет, моќен зачин којшто прави чуда за здравјето.
Зошто е добро да додадете цимет во кафето?
Циметот е еден од најстарите зачини на светот и со векови се користи во народната медицина. Освен што дава пријатна арома и вкус, богат е со антиоксиданти, полифеноли и противвоспалителни супстанции кои помагаат организмот да се избори со штетните слободни радикали.
Комбиниран со кафе, циметот не само што го зголемува вкусот туку:
- Го регулира нивото на шеќер во крвта.
- Го забрзува метаболизмот и го поттикнува согорувањето масти.
- Го намалува нивото на лош холестерол.
- Го зголемува нивото на енергија и ја подобрува концентрацијата.
- Го јакне имунитетот и ги намалува воспалителните процеси.
Многу од студиите покажале дека циметот може да помогне во регулирање на телесната тежина. Тој го стабилизира шеќерот во крвта, па ги намалува наглите напади на глад и желбата за слатки.
Додавањето на циметот во првото утринско кафе може да го забрза метаболизмот и да го олесни процесот на топење масти.
Како влијае циметот на шеќерот во крв?
Циметот му помага на телото правилно да го искористи шеќерот од храната и ја зголемува чувствителноста на клетките на инсулин. Тоа е особено важно кај луѓето кои патат од инсулинска резистенција или имаат склоност кон дијабетес тип 2.
Редовната употреба на циметот може да придонесе во стабилното ниво на глукоза во крвта во текот на денот, што значи помалку умор, нервоза и ненадејна глад.
Како правилно да се користи циметот во кафето?
Најдобар ефект се постигнува кога ќе се додаде половина лажичка цимет во првото утринско кафе. Може да го додадете над пената, во самото мелено кафе пред варење или директно во напитокот откако ќе се свари.