Ако сакате едноставен колач без печење што комбинира различни вкусови, тогаш треба да го пробате колачот наречен „Три тајни“.
Состојки:
300 грама бисквити
еден литар млеко
пет лажици шеќер
три кесички пудинг од ванила
200 грама кисела павлака
150 грама чоколадо
200 грама ореви
100 грама кокос
Подготовка:
Сварете го пудингот од ванила според упатствата на пакувањето. Кога ќе се олади, додадете ја павлаката и матете. Потоа, смесата треба да се подели на три еднакви делови.
Во едната смеса додадете кокос, во другата чоколадо, а мелените ореви во третата. Потоа следува редењето. Наредете ги бисквитите на плех или калап за печење и премачкајте ги со смесата од пудинг и чоколадо, потоа наредете уште еден слој бисквити, а потоа и смесата од ореви. После тоа, следува уште еден слој бисквити и на крај премачкајте го колачот со смесата од пудинг и кокос, па украсете по желба.
Извор: Deda Miletova Kuhinja