„Најштетната намирница во историјата на човековата цивилизација која не треба да ја јадете за појадок е шеќерот“, тврди д-р Матиќ.
Многу од докторите истакнуваат дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот и дека токму она што прво ќе го внесеме во организмот, го одредува нашето ниво на енергија, расположение и метаболизам.
Доколку го прескокнеме појадокот или посегнеме по погрешни намирници, последиците можат да се почувствуваат во текот на целиот ден – од пад на концентрација до прејадување во подоцнежните оброци.
За значењето на правилниот појадок говорел и доктор Момчило Матиќ во поткастот „Empire State Balkan“, нагласувајќи дека не е сеедно со што го започнуваме денот.
Според неговите зборови, она што прво го внесуваме како намирница во организмот има големо влијание на здравјето, системот за варење и целокупното функционирање на организмот.
„Појадокот треба да биде најздравиот оброк. Наутро кога ќе станеме, желудникот би требало да биде празен. Прво треба да се напиеме чиста вода, без лимон и додатоци затоа што доколку пиете вода со лимон, почнува варењето, а доколку земете чиста вода, нема да почне варењето, во тоа е клучот“, објаснил д-р Матиќ и додал:
„Доколку прво се напиете кафе или алкохол, кофеинот ќе ја исфрли водата од телото. Прво вода, па чај, а потоа овошје, без овесни снегулки и слични глупости. Кога консумираме овошје на празен желудник, а потоа вода и некој чај, нашите клетки ќе добијат доволно нутриенти, минерали, витамини и оксидирана вода, и тоа е тоа.
Рафинираниот шеќер е најштетната намирница во историјата на човековата цивилизација. Тој ни ги краде минералите од телото и ја намалува апсорпцијата на минералите во организмот“, вели докторот.