Островот е сликовит, недопрен и идеален за сите кои сакаат да го спојат опуштањето со активен одмор.
Доколку барате совршена дестинација за одмор во септември, грчкиот остров Скијатос е вистинското место.
Со просечна температура во септември од 25 степени Целзиусови, а максимална дневна вредност до 27 степени Целзиусови, ова мало островче во северозападно Егејско море ветува идеално време за сончање и капење.
Причината поради која туристите доаѓаат тука е неговата природна убавина и живописна атмосфера. Островот има дури 60 плажи со кристално чисто море, опкружен со густи борови шуми, а најпозната е плажата Koukounaries која се смета за трета најубава плажа на Медитеранот.
Скијатос нуди богата ноќна сцена, од ресторани со традиционална грчка кујна, преку пабови, до ноќни клубови кои работат до раните утрински часови.
Благодарение на близината на аеродромот, посетителите на плажата можат да уживаат во адреналинското доживување на гледањето на авионите како полетуваат и слетуваат, само неколку метри над главите.
Островот е сликовит, недопрен и идеален за сите кои сакаат да спојат опуштање со активен одмор. Љубителите на природата можат да истражат бројни патеки низ боровите шуми, додека пак љубителите на водните спортови имаат на располагање едрење, возење со кајак или нуркање во тиркизното море.
Патниците кои го посетиле Скијатос се фалат дека тој е „рај на земјата“. Многу од туристите особено ги привлекува автентичноста на островот.
Доколку планирате одмор во септември тогаш Скијатос нуди совршена комбинација на сонце, плажа, природа и забава, место каде секој момент може да биде како од разгледница.